Домашни третмани за густи и сјајни веѓи + неколку совети за нивно одржување
Веѓите се како украс на лицето, но не сите имаат среќа да се родат со густи и бујни веѓи.
Професионалците сега нудат низа третмани за згуснување на веѓите, но ако периодов сакате да ги избегнете салоните, постојат домашни третмани и трикови што ќе ви помогнат да го зајакнете влакното на веѓите и да ги направите погусти.
Овие едноставни третмани не одземаат повеќе од 10-тина минути дневно, а истовремено ќе ве чинат многу малку, но секако, не значи дека со гаранција би делувале кај секого, па земете ги со резерва.
Погледнете како до погусти и посјајни веѓи со неколку домашни третмани:
Масла за поттикнување на растот на влакното
Маслото од рицинус ги потхранува фоликулите на влакно и го поттикнува растењето, а сличен ефект има и маслиновото мало. Кокосовото масло, пак, е богато со витамин Е и масни киселини - состојки кои ги згуснуваат веѓите.
Одберете едно од овие масла, а можете да си направите и комбинација од две-три, и нанесувајте на веѓите наутро и навечер. Маслото ќе се впие само и нема потреба да го отстранувате со вода.
Вазелин
На веѓите можете да ставите и малку вазелин – на овој начин ќе изгледаат сјајно и погусто. Истовремено, ако кожата ви е сува во овој предел од лицето, вазелинот ќе го реши и тој проблем.
Алое вера и лимон
Лимонот и алое верата се одлични состојки кога станува збор за убавина, а во комбинација можат направат чуда. Лимоновиот сок е богат со витамини и антиоксиданти кои се клучни за зајакнување на влакната на веѓите. Ако сакате да го користите редовно, имајте на ум дека може сосем малку да ги осветли вашите веѓи, па не претерувајте.
И алое верата ги згуснува веѓите, а гелот можете да го нанесувате неколкупати во текот на денот.
Жолчка од јајце
Влакната на веѓите имаат протеин познат како кератин. Овој протеин се наоѓа и во жолчката од јајцето, па со овој третман влакната на веѓите ќе бидат посилни и погусти.
Во овој случај само изматете ја жолчката од јајцето, нанесете ја веѓите, оставете да делува 20-тина минути, па исплакнете со топла вода.
Неколку совети за добро обликувани и негувани веѓи
1. Формата на веѓите има огромно влијание, па ако не сте сигурни кој облик е најдобар за вас, консултирајте се со професионалец. Ако сакате да го промените обликот најдобро е да одите во салон, а потоа ќе можете да ги одржувате веѓите и сами.
2. Депилацијата со восок и пинцетата се најлесниот начин да ги отстраните вишокот влакненца. Ако станува збор за поголема површина, најдобро е да користите восок, но ако го правите ова сами треба да бидете исклучително внимателни. Со пинцетата, пак, можете да ги дообликувате веѓите и да ги отстраните ситните влакна. Запомнете: едно влакно - една кула, па внимавајте на секое влакненце што ќе го отстраните пред да потегнете.
3. Сосем нормално е да имате празнини на веѓите, но секогаш можете да ги пополните со шминка. Во овој случај важно е да го следите обликот на вашите веѓи, да не ги нагласувате премногу и само да ги пополните местата каде што има помалку влакна. За ова можете да користите продукти за таа намена, но доволно е да нанесете и малку сенка со иста боја како веѓите.
Спирова С. | Црнобело