Како да го негувате лицето без несакани реакции?

Доколку почнувате со нега на лице во повеќе чекори, има неколку основни правила кои треба да ги знаете и кои ќе ви помогнат да ја користите комплетната нега за лице без иритации, а воедно да извлечете максимум придобивки.

kako-da-go-neguvate-liceto-bez-nesakani-reakcii-001.jpg

Тестирање на нови производи во рутина

Прво и основно правило е тестирањето. Иако можеби немате сензитивна кожа, сепак, секој нов производ во рутината треба да го тестирате дали ви одговара. Ставете капка-две од производот на внатрешната страна на лактот и почекајте најмалку 12 часа за да видите дали ќе имате реакција. Доколку не изреагирате, слободно ставете го производот на лице.

kako-da-go-neguvate-liceto-bez-nesakani-reakcii04.jpg

Безбедно воведување на нови активни состојки

Секогаш воведувајте производи со активни состојки полека и внимателно. Не паѓајте во замката „повеќе е подобро“ и не воведувајте повеќе активни состојки одеднаш и во последователни денови. Првите две недели од користењето, секоја нова активна состојка треба да се става на лицето преку еден ден или пак најдобро два пати неделно. Доколку нема реакција, тогаш може да се зачести апликацијата на повеќе пати неделно и постепено да се дојде до секојдневна употреба.

Основни насоки за редоследот во креирање на рутина

Како генерално правило за редоследот на користење на нега на лице е дека на суво и чисто лице прво се ставаат активните состојки. Лесни, водени серуми, тонери и есенции доаѓаат по активните состојки, а пред потешки серуми и емулзии. Масла доаѓаат после потешките серуми, а на крај се завршува со хидратантна крема која треба да ги задржи сите хранливи состојки внатре во кожата.

kako-da-go-neguvate-liceto-bez-nesakani-reakcii03.jpg

Негата на лице го вклучува и вратот и деколтето

Не заборавајте, целата нега која оди на лице, треба да оди и на врат и деколте. Вратот и деколтето многу брзо ја губат еластичноста и се првите делови од телото на кои може лесно да се забележи појава на предвремени брчки. Затоа, хранете ги и негувајте ги секојдневно и третирајте ги исто како што го третирате и лицето.

kako-da-go-neguvate-liceto-bez-nesakani-reakcii02.jpg

Сите производи за нега на лицето можете да ги купите онлајн ТУКА.

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
5 вежби со кои ќе ги намалите брчките и масните наслаги на лицето Овие вежби за лице се лесни за изведување и може да ги правите каде било, а ќе в...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg