Совети за миење и одржување на косата од највлијателниот фризер Бред Мондо
Бред Мондо, легендата на YouTube и веројатно највлијателниот фризер на социјалните мрежи – го следат речиси 6 милиони луѓе, а неговите видеа до сега се прегледани повеќе од 850 милиони пати.
Мондо секогаш споделува корисни совети и трикови, но и редовно коментира фризури на останати блогери и инфлуенсери. Има и своја линија за производи за коса.
https://youtu.be/LBGxoxp3vkM
Бред не штеди на совети и препораки и сака да ги разбива митовите на тема коса. Жените ширум целиот свет со задоволство го слушаат.
Ова се неговите златни правила за миење на косата:
Славниот американски фризер вели дека косата треба да се мие со млака вода. Со прстите треба да го масирате шампонот на коренот на косата, а не по целата должина. Додава дека доволна количина шампон е колку две метални парички и дека не треба да се мие секој ден. Објаснува дека ниту еден балсам за коса не треба да стои подолго од 3 минути пред да се исплакнете.
https://www.instagram.com/p/B-Pw_ygg2pF/?utm_source=ig_web_copy_link
Редовно кратење – подолга коса:
Тој го потврдува постоечкото мислење дека редовното кратење на косата во одредена мера, навистина помага да расте побрзо. Исто така, секојдневно четкање на косата го зголемува растот затоа што го поттикнува создавањето на природни масла на косата кои го хидрираат влакното. Оваа навика ги стимулира и крвните садови на скалпот.
Бред додава дека домашните третмани за нега на косата можат да дадат моментален сјај, но дека на долг рок немаат резултати и не можат да ја поправат оштетената коса.
Советува редовно користење маска за коса, особено во зима.
Ова се некои од најгледаните видеа на неговиот YouTube канал:
Е. П. | Црнобело