Знаци дека женското тело старее побрзо отколку што мислите
Стареењето е нормален процес од кој не треба да се плашите, но треба да обрнете внимание на знаците кои телото ви ги испраќа.
Ако сте во вашите 30-ти години, а имате половина од знаците, треба да се замислите и да преземете конкретни промени во животниот стил.
Ова се знаци дека телото ви старее побрзо од очекуваното:
1. Влакната на косата и остатокот од телото ви растат побавно.
2. Работите ви се чинат потешки од претходно, бидејќи мускулите со текот на времето се олабавуваат и поднесуваат помала тежина.
3. На гребаниците и модриците им треба подолго да заздрават.
4. Лосионите и кремите ви траат пократко, бидејќи кожата ви станува многу посува.
5. Не спиете добро, односно ако пред 10 години заспивавте полесно, сега ви треба цел час лежење за да потонете во длабок сон.
6. Сите ви кажуваат да го забрзате темпото на одење. Ова настанува поради слабеењето на мускулната маса и губењето на брзината и агилноста.
7. Менструациите ви се нередовни.
8. Забележувате флеки и пеги на лицето.
М. Д. | Црнобело