Едноставни „направи сам“ маски за сјајна и негувана коса во летните денови
Можеби нам ни годи летото, но сонцето може навистина да ја оштети нашата коса. Во комбинација со морската сол и хлорот од базените, пак, штетата станува уште поголема.
Затоа, особено важно е во текот на летото да ѝ обрнете малку повеќе внимание на вашата коса.
Најдобриот начин да ја заштитите косата во летните денови се шеширите и шапките, но постојат и неколку маски што ќе ви помогнат да ѝ го вратите сјајот.
За овие маски ќе ви требаат продукти што веројатно ги имате дома, а нивниот ефект ќе го забележите уште веднаш.
Хидратантна маска за коса
Оваа маска ќе го спречи сушењето на косата и пукањето на врвовите, а доволно е да ја нанесувате еднаш неделно.
Потребни состојки:
- 2 лажици полномасен јогурт
- 1 лажица мед
Измешајте ги јогуртот и медот и нанесете ја смесата на косата. Оставете да делува 20 минути, па измијте ја косата.
Маска за сува коса
Медот ја хидрира косата, а има и антибактериски својства. Маслата, пак, содржат белковини кои помагаат во нејзиното зајакнување.
Потребни состојки:
- 2 лажици кокосово или бадемово масло
- 1 лажица мед
Измешајте ги состојките и ставете ги неколку секунди во микробранова печка. Кога смесата ќе се излади, нанесете ја на косата со масирање. Потоа ставете капа за туширање и оставете ја маската да делува од 30 минути, до еден час. На крај добро измијте ја косата.
Маска за оштетена коса
Кокосовото млеко ја зајакнува косата, а во комбинација со белки од јајца ќе го спречи сушењето.
Потребни состојки:
- 1 јајце
- 1 чаша кокосово млеко
- 1 лажица екстра девствено маслиново масло
Изматете ја белката од јајцето, па додајте ги кокосовото млеко и маслиново масло и добро промешајте.
Нанесете ја маската на косата, а најмногу фокусирајте се на врвовите. Оставете ја маската да делува 20 минути, па измијте ја косата.
Маска за сјајна коса
Потребни состојки:
- 1 зрела банана
- 1 лажица мед
Во блендер измешајте ги бананата и медот, сè додека не добиете хомогена смеса. Нанесете ја маската на косата, оставете да делува 20 минути, а потоа исплакнете.
Спирова С. | Црнобело