Заборавете на совршено исцртаните веѓи: во тренд се „бејби веѓи“ - густи, природни, бушави
Најпрво се појавија како срамежлив тренд, но со текот на месеците овој вид на веѓи стана навистина популарен. Станува збор за т.н. „бебешки веѓи“ или полни, густи, бушави, а сепак средени веѓи.
Изгледаат природно и дискретно и одговараат на оние девојки и жени кои сакаат природен изглед. Полека, но сигурно, жените почнуваат да ги вадат филерите, да изгледаат подискретно, да се шминкаат минимално. На сцената се враќа природниот, нежен изглед на лицето.
За да постигнете ефект на бејби веѓи, потребни се неколку чекори:
1. Обликувајте ги и дефинирајте ги со пинцета за да нема вишок влакненца околу самите веѓи.
2. Ако ви се премногу бујни, можете да ги скратите со ножички. Исчешлајте ги нагоре и со помош на остри ножички исечете ги врвовите, следејќи ја линијата на врвот на веѓата.
3. Набавете проѕирен глицерински сапун и чиста четкичка за чешлање на трепки и веѓи. Со четкичката поминете по сапунот кој претходно го имате намокрено и потоа чешлајте ги веѓите нагоре, како да сакате да ги истегнете.
https://www.instagram.com/p/CCEBVtDB1KO/?utm_source=ig_web_copy_link
Видео кое може да ви помогне:
https://youtu.be/9gvmgne4gag
Ако имате природно ретки веѓи, ќе мора да ги пополните со моливче или сенка за веѓи.
Е. П. | Црнобело