Грешки во негата на лицето поради кои имате проширени пори
Користите продукти што ги затнуваат порите
Некои продукти за нега на кожа, иако се ефикасни, не се погодни за сечија кожа и ги затнуваат порите. На пример, кокосовото масло или премногу мрсните креми ги затнуваат порите, а ако веќе имате мрсна кожа, со нив ќе си го влошите проблемот
На лицето најдобро е да нанесувате само крема, и тоа погодна за вашиот тип кожа.
Често ја поправате шминката
Во текот на денот нормално е да ја поправите шминката, но не правете го ова многу често.
Дури и кога сте нашминкани кожата на лицето лачи масти, па ако постојано додавате нов слој пудра, сигурно ќе ги затнете порите.
Јадете многу брза храна
Претераното консумирање брза храна и алкохол не е лошо само за вашата линија, туку и за вашето лице. Овие намирници можат да бидат причина за појава на акни кои ги прошируваат порите.
Не користите заштитна крема за сонце
Никогаш не излегувајте од дома без да нанесете заштитна крема на лицето, дури и во зима.
Сончевите зраци го намалуваат лачењето колаген и еластин и ја сушат кожата. Ова резултира со проширени пори и секакви проблеми со кожата на лицето.
Напомена: За решавање на проблеми со кожата на лицето, консултирајте се со дерматолог или со искусен козметичар. НЕ носете сами одлуки кои продукти се најдобри за вас ако имате проблематична кожа.
Спирова С. | Црнобело