Како да постигнете мокар ефект на косата како Ким Кардашијан и Кендал Џенер?

„Мократа коса“ која последниве години ја популаризираа Ким Кардашијан и Кендал Џенер ќе биде во тренд и оваа сезона.

kako-da-postignete-mokar-efekt-na-kosata-kako-kim-kardasijan-i-kendal-jenner-01.jpg

Како да го постигнете овој едноставен изглед во неколку чекори дома?

1. Наместо да ја сушите косата со фен, впијте ја со пешкир. Потоа оставете да се потсуши сама, природно. Кога ќе биде малку влажна, преминете кон чекор 2.

kako-da-postignete-mokar-efekt-na-kosata-kako-kim-kardasijan-i-kendal-jenner-02.jpeg

2. Испрскајте ја косата со солен спреј. Доколку не можете да го најдете во продажба, направете си дома сами.

Потребно ви е:

  • шише со распрскувач
  • 1 шолја жешка вода
  • 1-2 лажици морска сол
  • 1 лажица регенератор за коса или кокосово масло

Во шишенцето со жешка вода додајте ги останатите состојки. Добро протресете. 

Не го прскајте на корените доколку сакате поголем волумен. Косата „прочешлајте ја“ со прсти.

kako-da-postignete-mokar-efekt-na-kosata-kako-kim-kardasijan-i-kendal-jenner-04_1.jpg

3. Ставете пена за коса за да добиете поголем обем. Доколку имате многу права коса, завртете ја во пунџа па нанесете ја пената потоа.

4. Хидратација со арганово масло. Кога станува збор за мокар изглед на косата, аргановото масло е можеби клучно. Ја храни и навлажнува косата и дава посебен сјај. Ставете на неколку прамени – не ја полевајте цела коса.

kako-da-postignete-mokar-efekt-na-kosata-kako-kim-kardasijan-i-kendal-jenner-05.jpg

5. Дувнете ја косата со фен на најслабо.

6. Ставете гел на краевите и корените. Така ќе ги контролирате разлетаните влакна.

7. Доколку имате потенка коса, може да ставите и восок за обликување.

kako-da-postignete-mokar-efekt-na-kosata-kako-kim-kardasijan-i-kendal-jenner-07.jpg

Подготвени сте да воодушевите!

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Штипките во форма на цвет се летен хит – идеи како да ја фатите косата со нив (фото) Верувале или не, ретро штипките во форма на цвет се вистински хит за лето 2024 –...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg