Зошто би требало да купувате козметика спакувана во шише со пумпица?
Дали имате навика да купувате козметика со пумпица, со распрскувач или во обични шишенца без механизам? Во што е тајната и разликата?
Козметиката со пумпица би требало да ви е на приоритето на листата од повеќе причини:
Бактериите не можат да влезат во неа
При земањето на крема или лосион не ја допирате целата содржина во пакувањето, па затоа бактериите не може да се пренесат од вашите прсти низ козметиката.
Козметиката не впива непотребен кислород
На отворено, рокот на употреба на козметиката истекува побрзо и тоа е факт. Тоа е токму последица од допирот на состојките со кислородот.
Со ваквото пакување штедите
Кога ќе ја притиснете пумпицата, таа ви дава одредена количина од производот. Тоа е подобрата варијанта, бидејќи нанесувањето на подебел слој на крема или лосион нема поента – кожата впива онолку колку што ѝ е потребно, а остатокот е трошење во празно.
Може да ја користат повеќе лица
Ако сте дел од големо семејство кое има заеднички шампони, купки и други хигиенски средства – пумпицата е наједноставното решение за да ја зачувате чистотата на високо ниво.
Има помалку конзерванси
Како што веќе споменавме, бактериите и кислородот не допираат до содржината, па поради тоа произведувачите немаат потреба да користат повеќе конзерванси и додатоци од неопходното.
М. Д. | Црнобело