11 трикови за убавина кои треба да ги знае секоја матурантка

Лакот за коса ви е задолжителен додаток во чантата, а студените ќесички зелен чај одличен начин за справување со подочниците на големиот ден.

11-trikovi-za-ubavina-koi-treba-da-gi-znae-sekoja-maturantka-01.jpg

Се одбројуваат денови до матурските прослави. Дали веќе одлучивте како ќе изгледате на големата ноќ?

Ако го решивте тоа и повеќе ја немате таа слатка главоболка, време е да се концентрирате на шминката и фризурата.

Неколку трикови за убавина кои треба да ги знае секоја матурантка:

1. Во чантата задолжително ставете лак за коса и неколку шноли. По часови минати во играње на висока температура, вашата фризура ќе замине во заборав. Вака ќе го спречите тоа.

2. Ставете малку пудра и на ушите. Од топлото време тие може да ви се вцрват и потоа да не си се допаѓате на Инстаграм фотките.

11-trikovi-za-ubavina-koi-treba-da-gi-znae-sekoja-maturantka-02.jpg

3. Ако вашиот фустан е без прерамки, нанесете малку крема за потемнување за изедначување на тенот на линиите од бикините.

4. Ставете влажни марамчиња во чантата, бидејќи можно е растекување на шминката во текот на ноќта. И не ставајте дополнителни слоеви на пудра, ќе изгледате вештачки.

5. Обрнете внимание на веѓите. Пополнете ги затоа што тие доаѓаат до израз на фотките.

11-trikovi-za-ubavina-koi-treba-da-gi-znae-sekoja-maturantka-04.jpg

6. Откако ќе ја нанесете шминката, направете си неколку фотографии за да го уловите тоа што не го гледате на огледалото. Така ќе знаете дали ви се потребни корекции.

7. Ако сакате долги трепки издувајте ги со фен две секунди, потоа извиткајте ги нагоре, па нанесете два слоја маскара.

8. Ако ставате вештачки трепки или снопчиња првпат, најдобро е таа задача да му ја препуштите на некој друг. Може да ги нанесете неправилно и да ви солзат очите цела вечер.

11-trikovi-za-ubavina-koi-treba-da-gi-znae-sekoja-maturantka-05.jpg

9. Нанесете дезодоранс на вашите стапала од страна, така ќе направите превенција да не ви излезат плускавци од танцувањето цела ноќ.

10. На денот на матурската прослава ставете студени ќесички зелен чај под очите за да ги намалите подочниците.

11. Сјајните кармини знаат чудно да ја рефлектираат светлината на фотографиите. Најдобро е да користите мат нијанса.

11-trikovi-za-ubavina-koi-treba-da-gi-znae-sekoja-maturantka-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg