Има само една пластична операција: Дали таа е најсекси баба во светот? (фото)

Со своите 47 години, самохраната мајка, но и баба, повеќе наликува како да е на прагот од триесеттите. Стана финалистка на избор за убавина, каде се натпреварува со двојно помлади конкурентки. Која е тајната на нејзиниот добар изглед?

ima-samo-edna-plastichna-operacija-dali-taa-e-najseksi-baba-vo-svetot-foto-1.png

Џина Стјуарт (47) е на само чекор од остварување на големиот сон - да биде крунисана со титулата Miss Maxim Australia за 2018-та година.

Наспроти фактот што има четири деца, таа изгледа сензационално за годините. Во моментот, на социјалната мрежа Инстаграм ја следат повеќе од 60 илјади корисници. Странските медиуми, пак, веќе ја прогласија за „најсекси баба во светот“.

ima-samo-edna-plastichna-operacija-dali-taa-e-najseksi-baba-vo-svetot-foto-2.jpg

Нејзиниот профил изобилува со провокативни фотографии.

Но, покрај објавувањето слики, Џина се занимава и со 10-месечната внука, како и децата, од кои најмалото има четири години. Останатите три ѝ се на возраст од 23, 25 и 27 години. Мајка е на два сина и две ќерки.

ima-samo-edna-plastichna-operacija-dali-taa-e-najseksi-baba-vo-svetot-foto-3.png

Со младешкиот изглед и фигурата, Стјуарт може да им парира на светските топ модели. Сепак, русокосата дама тврди дека направила само една пластична операција, кога пред десетина години ги зголемила градите по хируршки пат. Во интервјуто за Daily Mail Australia, таа скоро изјави:

„Не применувам ботокс, ниту филери, затоа што верувам дека секој човек треба достоинствено да старее.“

ima-samo-edna-plastichna-operacija-dali-taa-e-najseksi-baba-vo-svetot-foto-4.png

Тогаш, кој е тајниот рецепт на убавицата?

Австралијката истакнува дека не е љубител на козметиката со хемикалии, па претежно употребува органски продукти. Пие алкална минерална вода, за нега на косата и кожата користи масла од шипка и кокос, а дури и дезодорансите ѝ се на природна база.

ima-samo-edna-plastichna-operacija-dali-taa-e-najseksi-baba-vo-svetot-foto-6.png

„Навистина не постојат тајни. Мојот став е дека сите луѓе се прекрасни. Не сакам претерано внимание, така што не ги споделувам фотографиите поради тоа. Само сакам да направам нешто со кое ќе ги инспирирам и другите жени, да не се осудуваат меѓусебно, затоа што животот е прекраток. Прифатете ги своите години и облини. Тоа уште никого не го убило.“.

https://www.instagram.com/p/BiPKC0_jCYb/?hl=en&taken-by=strawberriesandcream1

Џина се надева дека ќе победи на изборот во организација на магазинот Maxim, а со наградата од 10.000 долари, планира да ѝ помогне на пријателката, која неодамна имала мозочен удар.

„Луѓето кои никогаш не се откажуваат ми се најголема инспирација. Имаат сила да продолжат понатаму и се позитивни, иако минуваат низ тешки времиња.“

ima-samo-edna-plastichna-operacija-dali-taa-e-najseksi-baba-vo-svetot-foto-7.png

Во очекување на исходoт од гласањето, како вие би го оцениле изгледот на сексапилната баба? Погледнете уште дел од нејзините фотки на Инстаграм, пред да го донесете конечниот суд: 

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Анастасија Илиевска за стилот и убавината: „Еднаш месечно одам на козметичар, вежбам 5 пати неделно“ „Облека пазарам таму кај што нешто ми се допаѓа - може да е во маалска, дизајнер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg