Намирници со кои можете да ја одржувате убавината на усните во зима

Зимата на многумина им е омилен период од годината, но таа може да предизвика проблеми во грижата за убавина.

namirnici-so-koi-mozhete-da-ja-odrzhuvate-ubavinata-na-usnite-vo-zima-01.jpg

Ниските температури ја сушат кожата, а тоа предизвикува лупење и пукање, посебно во најнежниот дел на лицето – усните.

Девојките сигурно не сакаат кога се „борат“ со испуканите усни, но за сѐ постои решение, а најдобро е кога тоа вклучува секојдневни намирници кои секој ги има дома.

Можеби некои од овие начини за нега на усните сте ги испробале, но проверете дали има нешто ново што може да го искористите за усните да ви останат здрави и свежи во текот на ладните зимски денови.

Зелен чај

Земете кесичка зелен чај и ставете ја во жешка вода, а потоа изладете ја малку ексичката и оставете ја помеѓу усните 5-10 минути. Танинот и антиоксидантите во составот на чајот ќе ви помогнат брзо да ги излечите пукнатините и да избегнете воспаление на усните.

namirnici-so-koi-mozhete-da-ja-odrzhuvate-ubavinata-na-usnite-vo-zima-02.jpg

Кокосово масло

Кокосовото масло е богато со масни киселини, па ова е природен третман кој ќе ви помогне да ја освежите и најсувата кожа на усните. Кокосовото масло одлично ја навлажнува кожата и не ја истенчува.

namirnici-so-koi-mozhete-da-ja-odrzhuvate-ubavinata-na-usnite-vo-zima-03.jpg

Краставица

Овој зеленчук ја навлажнува доволно кожата и и дава витамин Ц. Земете парче краставица и стиснете го помеѓу двете усни.

namirnici-so-koi-mozhete-da-ja-odrzhuvate-ubavinata-na-usnite-vo-zima-004.jpg

Ливчиња од роза и млеко

Вистински спа третман за вашите усни кој се подготвува брзо и лесно – измијте една рака полна со ливчиња од роза и измешајте со половина шолја млеко. Оставете ја маската во фрижидер 2-3 часа, а потоа ставете ја во блендер. Смесата нанесете ја на усните и измијте по 20 минути.

Останатата смеса можете да ја замрзнете и да ја користите повеќепати.

namirnici-so-koi-mozhete-da-ja-odrzhuvate-ubavinata-na-usnite-vo-zima-04.jpg

Пилинг со овесни снегулки

Ако усните ви се сушат и пукаат, обидувајте се барем еднаш неделно да правите пилинг со овесни снегулки. Измешајте ги иситнетите снегулки со малку маслиново масло или мед и нанесете на усните, нежно масирајќи со прстите.

namirnici-so-koi-mozhete-da-ja-odrzhuvate-ubavinata-na-usnite-vo-zima-05.jpg

Јаболка и путер

Ако сте љубител на јаболка, оваа маска е идеална за вас. Ставете половина јаболко во блендер и измешајте со една лажица стопен путер. Нанесете на усните и оставете да стои половина час.

namirnici-so-koi-mozhete-da-ja-odrzhuvate-ubavinata-na-usnite-vo-zima-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 трикови кои ќе ги нагласат убавината и стилот на повозрасните жени Кафеаво наместо црно моливче за очи, нега на усните и дланките - Како да ја иста...
Тура на убавина: Жените некогаш vs. денес во Македонија и уште 11 земји во светот (втор дел) Од Македонија и Молдавија, до Словенија и Египет... колку се менувала убавината ...
5 трикови за шминка и убавина кои ќе ви заштедат време (и пари) Понекогаш шминкањето одзема многу време, а и сите производите не се евтини. Но, ...
Кои маникири ќе бидат хит оваа зима, а кои е најдобро да ги избегнувате? Земјените тонови се одлични за студените месеци, додека многу нападните празничн...
Анастасија Илиевска за стилот и убавината: „Еднаш месечно одам на козметичар, вежбам 5 пати неделно“ „Облека пазарам таму кај што нешто ми се допаѓа - може да е во маалска, дизајнер...
Калтрина за стилот и убавината: „Порано броев калории, но веќе не се лишувам од храна за да имам вит... „За убаво и негувано лице клучна е генетиката, а јас, за среќа, имам добри ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg