Модел со облини им се спротивставува на стандардите на Victoria’s Secret (фото)
Tabria Majors е модел со облини кој не се согласува со стандардите на Victoria’s Secret, а за да ја долови поентата, доволни беа неколку Инстаграм фотки.
Со цел да го оттргне вниманието од строгите стандарди за убавина на рекламните кампањи на компанијата, таа позираше во неколку омилени парчиња долна облека.
Со фотките, моделот докажа дека секој може да изгледа убаво и дека и девојките со облини можат да продаваат долна облека.
Tabria објави 3 фотографии на Инстаграм во кои се споредува со моделите на Victoria’s Secret.
На објавата таа напиша: „Изгледа оваа година ќе бидам ангел на Victoria’s Secret само на Halloween, бидејќи тоа нема да се случи во реалноста.“
Девојката брзо ја постигна својата цел и фотографиите вирално се проширија, а достигнаа над 25.000 лајкови.
Сепак, ова не е првпат некој да се спротивстави на ригорозните стандарди на компанијата при избор на модели.
Во 2015, плус-сајз модели направија провокативна фотосесија со која докажаа дека сите жени се секси, спротивно на стереотипите.
Се согласувате ли со овие „бунтовни“ плус-сајз модели?
М. М. | Црнобело