12 пози и гестови кои ве прават непривлечни
7. Една дланка испружена нанапред
Со овој знак испраќате порака „престани да зборуваш“ и е посебно лош избор доколку се наоѓате среде важни дискусии.
8. Тупаници на колковите и навалена глава
Прилично агресивна поза која открива дека никако не се согласувате со соговорникот или ситуацијата во која се наоѓате.
9. Мавтање со палецот
Гест со кој давате до знаење дека ви е здодевно и дека не ви е многу грижа за она што се случува или зборува.
10. Една рака притисната во тупаница
На овој начин несвесно ја покажувате тензијата или стравот кој го чувствувате. Делувате како во секој момент да ќе експлодирате.
11. Рака на уста
Избегнувајте да ја ставате раката на уста, посебно додека зборувате. Така соговорникот ќе мисли дека не сте сигурни во она што го кажувате.
12. Вперување на прстот
Со овој знак на строгост делувате дека очајно се обидувате да убедите некого во нешто или да му се допаднете. Спротивно на тоа, луѓето не сакаат кога соговорниците се строги.
М. Д. | Црнобело