12 пози и гестови кои ве прават непривлечни
Говорот на телото во многу ситуации е поважен од шминката, облеката, па дури и зборовите. Преку него луѓето најлесно формираат слика за нас.
Па, ако се водите по навиките на шармантните и секогаш привлечните луѓе, ќе откриете дека тие никогаш не ги практикуваат следниве 12 пози и гестови:
1. Раката свиткана зад грб
На овој начин давате силни негативни сигнали, бидејќи луѓето ве перципираат како да имате зли, задни намери.
2. Прекрстени зглобови на нозете
Превитканите стапала едно преку друго се знак на несигурност дека не знаете за што станува збор во ситуацијата во која се наоѓате.
3. Преплетени прсти
Силно притиснатите преплетени прсти се знак дека не се согласувате со соговорникот и дека повеќе си давате себеси на значење, отколку на него.
4. Поткренати дланки со споени прсти
Мала варијација на минатата поза, која е уште понегативна. Колку повисоко ги кревате рацете – толку повеќе сакате да се сокриете зад нив.
5. Подгрбавено и гласно одење
Лошото држење на телото никогаш не е позитивен знак, а ако е проследено со гласни чекори на пета, делувате беспомошно и безволно.
6. Притисната „кисела“ насмевка
Оваа кисела насмевка за многумина е навика, без да знаат дека другите ја перципираат иронично, па така делувате како човек без доверба.