Добри причини зошто да престанете да се шминкате
Ослободете се од оваа навика и на едноставен начин ќе ги заштитите животните, ќе имате поздрава кожа и подебел паричник.
Во утринската рутина на многу жени е минималистичката шминка.
Малку римел, малку руменило, малку кармин, но зошто воопшто да ставаме шминка кога минимално нашминканото лице не е многу поразлично од сосема „голото“ лице?
Еве дел од причините зошто да престанете да нанесувате шминка уште денес:
Вашите пори ќе се стеснат
Порите се мали отвори на површината од кожата, кои им дозволуваат на воздухот и течностите да минуваат нив нив. Кога нанесувате шминка порите ја апсорбираат супстанцијата, а во шминката има низа состојки, кои ги затнуваат порите.
Кога тие се затнати, стануваат поголеми за да ја зголемат површината за апсорпција. Па кога ќе престанете со шминкање, порите ќе се вратат во нивната стандардна големина.
Нема да се грижите за размачкување
Една од негативните работи на ставањето шминка е што постојано мора да пазите да не се размачка. Ако ги почешате очите, маскарата лесно може да ви го исцрни лицето.
Кога ќе престанете со шминкање нема да се грижите дали имате кармин на забите или лошо нанесена пудра што се гледа на сонце.
Ќе имате повеќе време
Наместо да нанесувате шминка наутро, ќе имате 10 минути повеќе време за спиење.
Ова време може да го искористите и за нешто попродуктивно како утрински вежби или јадење овошје пред работа.
Ќе имате повеќе пари
Познатите брендови за шминка може да бидат навистина скапи, па зависно од вашите навики за шминкање, ќе заштедите илјадници денари во текот на една година ако престанете да купувате декоративна козметика.
Ќе ги прифатите своите недостатоци
Шминката е одлична за прикривање на недостатоците како акни и лузни. Но, од друга страна, замислете колку е неверојатно да престанете да ги криете несовршеностите и да бидете полни со самодоверба такви какви што сте. Токму „неодстатоците“ ни даваат уникатност и нѐ издвојуваат од другите.
Ќе ги спасите животните
Повеќето од нас самоуверено се нарекуваат љубители на животните, но дали знаете дека многу од производите што ги купуваме се тестирани на животни?
Милиони зајаци, мачки, па дури и кучиња се затворени во лабораториите за тестирање додека вие го читате ова. На нив се тестираат хемикалии, кои можеби се отровни. Не купувајте козметика и спасете ги животните вклучени во процесот.
Вашата кожа ќе се подобри
Користењето на шминка, особено погрешна, може да направи појава на акни на вашето лице.
Додека вие ја нанесувате за да ги покриете акните, можеби токму таа е причината за нивна појава и влошување на состојбата.
Ќе внесувате помалку хемикалии во вашето тело
Речиси секој производ денес е полн со хемикалии, но треба да посветите големо внимание, особено на оние што ги ставате во и на вашето тело.
Истражувања покажуваат дека шминката е меѓу производите за лична нега кои понекогаш се поврзува со одредени типови на токсини. Со прекинот на користење на шминка ќе спречите преку порите во телото да ви влегуваат најразлични токсини.
С. С. | Црнобело