7 масла кои ќе ве направат поубави за 7 дена
Во лето сите сакаме да изгледаме најдобро што можете, бидејќи тогаш поголемиот дел од времето сме речиси голи, па највпечатливи се токму нашите заби, коса, нокти...
Пробајте во негата да ги вклучите следниве масла и за 1 недела ќе забележите драстична разлика.
Масло од сусам за побели заби
Плакнете ги забите и непцата еднаш дневно со масло од сусам, а потоа исплакнете со вода.
Масло од хибискус за погуста коса
Во 100ml обичен шампон ставете 3-4 капки масло од хибискус. Мијте вообичаено, со тоа што шампонот ќе го оставите да отстои 2-3 минути, па потоа ќе исплакнете со топла вода.
Рицинусово масло за подебели веѓи и погусти трепки
Со добро измиена четкичка од стар римел нанесете од маслото на трепките и веѓите пред да си легнете. За една недела ќе забележите први резултати.
Ленено масло за детоксикација
Наутро испијте 1 лажица масло од лен, а потоа една чаша ладна вода. После половина час појадувајте. 30-40 минути пред спиење повторете го ритуалот.
Масло од чајно дрво против акни
Измешајте 2 лажици овесни снегулки со 2 лажици јогурт и козметичка глина. Додадете 2 капки масло од чајно дрво. Маската нанесете ја на чисто лице, оставете да делува 15-20 минути, па исплакнете со ладна вода.
Маслиново масло за меки нозе
Загрејте малку маслиново масло, а може да додадете и неколку капки лимон. На чисти нозе нанесете го и масирајте неколку минути. Облечете меки чорапи и така преспијте.
Масло од бадем за негувани нокти
Загрејте 250ml вода и додадете 1 лажица масло од бадем. Натопете ги рацете и ноктите во мешавината. Држете ги така 10 минути, па потоа измијте и намачкајте хидратантна крема. Постапката може да ја повторувате секој ден.
М. Д. | Црнобело