Трикови за убавина кои секоја матурантка треба да ги знае пред прославата
Веруваме дека подготовките се веќе при крај, но никогаш нема да ви наштети некој совет плус, посебно ако може да ви го разубави изгледот и да ви ја олесни вечерта.
Па, матурантки, добро запаметете што да направите пред да излезете од дома:
1. Ако правите фризура со многу шноли, тие подобро ќе се задржат на место ако ги испрскате со лак за коса пред да ги ставите.
2. Исто така, можете да ги испрскате хулахопките со лак за коса за да го спречите лесното кинење.
3. Секогаш во чантата имајте неколку безопасни. Не знаете каква незгода со фустанот може да се случи.
4. Ако не носите често штикли и се плашите дека нозете ќе ве заболат после половина час, залепете ги со фластер или селотејп домалиот и средниот прст на нозете. Потоа облече штикли.
5. Ставете дневна влошка во затворените штикли за да го спречите потењето и лизгањето на нозете.
6. Одлични комбинации на кармин и лак за нокти:
7. Ако носите фустан со голи раменици, тука погледнете како да го прилагодите градникот.
М. Д. | Црнобело