Девојка ги тестира 10-те најпопуларни совети за убавина: Што успева, а што е лага?

Многупати досега сакајќи да си го поправиме изгледот, посегнуваме по гуглање на совети за убавина. А, ги има милион.

devojka-gi-testira-10-te-najpopularni-soveti-za-ubavina-sto-uspeva-a-sto-e-laga-1.jpg

Една девојка решила да ги испроба 10-те најпопуларни совети за да не морате вие.

Какви се резултатите?

1. Туторијалите велат дека ако ставите бебешка пудра врз првиот слој на маскара, со нанесување на вториот трепките ќе ви станат погусти и подолги.

devojka-gi-testira-10-te-najpopularni-soveti-za-ubavina-sto-uspeva-a-sto-e-laga-2_copy.jpg

Точно, но сепак постои можност да се залепат.

2. Ако ставите слој пченкарен скроб врз карминот, ќе добиете усни со матирачки ефект.

devojka-gi-testira-10-te-najpopularni-soveti-za-ubavina-sto-uspeva-a-sto-e-laga-3_copy.jpg

Точно, но ќе чувствувате непријатна текстура.

3. Користете селотејп за да направите совршени мачкини очи или да нанесете сенка.

devojka-gi-testira-10-te-najpopularni-soveti-za-ubavina-sto-uspeva-a-sto-e-laga-4_copy.jpg

Точно, одличен и корисен совет.

4. Користете машки лосион за после бричење, наместо прајмер.

devojka-gi-testira-10-te-najpopularni-soveti-za-ubavina-sto-uspeva-a-sto-e-laga-5.jpg

Лош совет. На почетокот нема да почувствувате разлика, но по неколку часа ќе забележите зголемена маснотија на кожата.

5. Моливчето за очи може да стане течен туш ако го загреете со запалка.

devojka-gi-testira-10-te-najpopularni-soveti-za-ubavina-sto-uspeva-a-sto-e-laga-6.jpg

Грешка. Да, ќе се растопи, но тоа нема да го направи ни одблизу како течниот туш.

6. Измешајте малку пченкарен скроб во лакот за нокти за да постигнете матиран ефект.

devojka-gi-testira-10-te-najpopularni-soveti-za-ubavina-sto-uspeva-a-sto-e-laga-7.jpg

Лош совет. Не ви го препорачувам.

7. Измешајте сенка за очи во проѕирен лак и ќе добиете нијанса каква што посакувате.

devojka-gi-testira-10-te-najpopularni-soveti-za-ubavina-sto-uspeva-a-sto-e-laga-8.jpg

Уште еден лош совет. Главниот проблем е што состојките никогаш нема целосно да се помешаат, па затоа сушењето е речиси невозможно.

8. Со парче селотејп може да добиете совршено права линија при лакирање.

devojka-gi-testira-10-te-najpopularni-soveti-za-ubavina-sto-uspeva-a-sto-e-laga-9.jpg

Звучи лесно, но е речиси невозможно. И овој трик е под знак прашалник.

9. Ставете две шноли под репчето за да добиете волумен.

devojka-gi-testira-10-te-najpopularni-soveti-za-ubavina-sto-uspeva-a-sto-e-laga-10.jpg

Дефинитивно совет кој не дава резултати. Шнолите ве боцкаат, а репчето е исто како претходно.

10. Ако ја сушите косата сплетена во плетенки, ќе добиете виткана коса.

devojka-gi-testira-10-te-najpopularni-soveti-za-ubavina-sto-uspeva-a-sto-e-laga-11.jpg

Ова може да ви даде побујна текстура ако имате права коса, но ако имате природно виткана коса, никогаш не го пробувајте.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Бојата на коса „розово злато“ ќе им биде опсесија на девојките оваа есен 2024 (фото) Ако сте подготвени за експериментирање, овој тренд ќе го дочекате со ширум отвор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg