Домашни маски за убавина: Свежо сирење против брчки, јогурт за помека кожа
Освежете го своето лице и тело без да плаќате цело богатство. Доволни ви се овие 4 рецепти за да ја подготвите кожата за студените денови кои следуваат.
Со свежо сирење против брчки
Направете маска од 3 лажици свежо кравјо сирење и шолја црн чај кој треба да отстои 1 час по варењето. Нанесете ја маската на лицето и по 10-15 минути исплакнете со студена вода.
Јогурт за мека кожа
Помешајте 1 полномасен јогурт со 1 лажица масло по желба и нанесете на цело тело пред туширање. Мирувајте 10тина минути, а потоа исплакнете со млака вода.
Маска за сите типови кожа
Во 75ml жешко млеко додајте рака цветови од камилица. Оставете ги да отстојат 20 минути, процедете, па повторно благо загрејте. Додадете ½ лажица мед и 1 лажица овесни снегулки, па топлата маска нанесете ја на лицето, вратот и деколтето. По 15 минути исплакнете со ладна вода.
Сирење и лимон за убави очи
Две лажици безмасно сирење помешајте со малку црн чај и 3-4 капки сок од лимон. Држете ја смесата 10тина минути околу очите, па исплакнете.