Што гледате - Плус сајз модел или девојка со вишок килограми?
Во морето на плус сајз модели кои изминативе години пропагираат спротивни стандарди од преслабите манекенки, се приклучи и Кортни Мина. Но, таа е сосема спротивен екстрем.
Таа е млада девојка и автор на блогот Glitter teme. Прилично е активна и на социјалните мрежи и себеси се смета за активистка против нездравата слабост.
Кога била тинејџерка имала широки колкови кои се развивале без контрола, како што самата таа раскажува, па сакајќи да ослабе стигнала до пореметувања во исхраната.
Успеала да ослабе неколку килограми, но во главно во лицето, градите, стомакот и грбот. Тогаш сфатила дека боледува од липедема.
Тоа е хронично пореметување заради кое на одреден дел од телото се таложи масно ткиво.
Затоа, не верувајте во сè што ќе видите.
Понекогаш навистина се работи за здрави плус сајз модели со облини кои ви ја зголемуваат самодовербата, но понекогаш и за девојки со здравствени нарушувања. Во вториот случај, не се ни обидувајте да го постигнете нивниот резултат.