За брз раст на косата: Пробајте ја тајната на Индијките
Индијките ширум светот се познати како дами со најубави и најгусти коси и веројатно сте се запрашале некогаш во што е нивната тајна – гените или има нешто повеќе?
Тајната е во нивната магична формула подготвена со билка која прави чуда за косата и која во форма на масло директно влијае на растот и густината на косата.
Станува збор за растението Бакопа мониери, кое е уште попознато како Брахми.
Како можете да го користите? Наједноставно е да го помешате со кокосово масло и да го нанесувате на косата пред да ја измиете.
Брахми маслото ја подобрува состојбата на косата за само неколку недели, а ова се придобивките кои можете да ги имате од оваа индиска тајна:
1. Го намалува опаѓањето на косата, бидејќи го храни коренот и го забрзува растот на косата.
2. Го враќа изгубениот сјај на косата и ја намалува шансата за појава на расцветани краеви на косата.
3. Ја спречува појавата на првутот и ја хидрира кожата на главата.
Што е најдобро, маслото е лесно достапно и го има во сите поголеми аптеки.