Изгледајте совршено и без шминка (видео)
Шминката претставува речиси незаменлив дел од животот на секој девојка, но што ако нема потреба секојдневно да нанесувате пудра на лицето или маскара? Што ако можете да изгледате свежо и без малку шминка?
Ваквиот изглед се основа на превентивни мерки со кои го чистите и негувате лицето секојдневно од нечистотиите и бактериите кои се собираат на него, благо препокривање на подочниците, виткање на трепките за да се отвори погледот, ревитализирање и поттикнување на циркулацијата на усните и кожата.
Накратко станува збор за посветување на малите детали кои ќе направат да изгледаме природно и женствено и без трошка шминка.
Токму така, клучот е во малите трикови кои прават големи разлики, а со нас ги споделува Сона Гаспаријан на својот Youtube канал.
Дозволено ви е да употребите само еден козметички производ. Можете да погодите за кој производ станува збор?