Уметност или лудост? Балон - ноктите се новиот тренд (фото)
Во морето на луди трендови кои не престануваат да не изненадуваат, сега на ред се ноктите балони кои ги преплавија социјалните мрежи.
Дел од девојките се згрозени од трендот, а дел му се препуштаат и го испробуваат. Моментално, салоните низ светот велат дека ова е број 1 услуга по бараност.
За разлика од класичниот маникир, кај овој балон - маникир ноктот не се обработува, туку само се става точка од акрилна боја, па кога ќе се стврдне се става премаз кој ќе ја фиксира. Потоа со излевање на боја се прави соодветно закривување и слевање на точката со останатиот дел од ноктот.
Трендот за прв пат се појавил во еден салон за убавина во Филаделфија, а сега се усовршува и низ останатите козметички салони во светот.
Самата изработка трае долго и бара одмор од домашните обврски додека имате ваков маникир, сепак на социјалните мрежи се појавуваат стотици фотки од воодушевени жени и девојки кои веќе го испробале.
Уметност или лудост, што мислите?