Исповед на една парализирана блогерка: „Не можев рака да дигнам за да нанесам маскара“
Блогерката Џордан Боун останала парализирана од градите па надолу во сообраќајна несреќа кога имала само 15 години, но она со што таа денес се занимава, сите ги воодушевува.
Пред десет години по несреќата кога се ворела за својот живот и останала парализирана, таа знаела дека целиот живот ќе и се промени од корен.
Тогаш ја добила идејата да стане блогерка што за неа претставувало вистински успех, бидејќи таа не можела ниту раката да ја подигне за да се нашминка. Овој период за неа бил многу тежок.
„Непрестајно плачев бидејќи обожавав да се шминкам пред несреќата. После многу време и труд успеав во тоа, а тоа што би сакала да им го препорачам на луѓето со моите видеа е дека она што е на изглед неостварливо може да се случи ако верувате во себеси и се трудите“ – објаснува Џордан.
Таа со солзи во очите се присетува на времето која ја доживеала сообраќајната несреќа која засекогаш ја врзала за инвалидската количка: „Музиката во колата беше гласна и некако не се чувствував безбедно. По ударот ја зграпчив раката на мојот пријател. Мислев дека ќе умрам. Кога се освестив знаев дека сум заглавена и дека со мене нешто не е во ред. Појасот ми беше околу врат и не можев да дишам. Моето тело почна да откажува“ – така ја раскажува својата трагична приказна.
Поминала 6 месеци во болница и се борела за својот живот.
Денес на својот Youtube канал има повеќе од 17.000 следбеници, а 23.000 на Инстаграм.
Покрај тоа што е успешна на професионален план, нејзе и љубовниот живот и цвета. Од неодамна таа се верила иако како што вели: „Долго време мислев дека никогаш нема да се венчам заради мојот изглед“.
Пред неколку години таа се приклучила на добротворната кампања за грижа за младите во сообраќајот Fixers.