Решете го проблемот со масна коса во неколку едноставни чекори
Масната коса е чест женски проблем на кој може да влијаат многу фактори – недоволна нега, користење екстремно силни препарати, често чешлање и допирање на косата со раце, стрес, неправилна исхрана или пак шампонот кој го користите ви го иритира темето.
За најлесно да се ослободите од масните корени, следете ги овие неколку совети:
- Мијте ја косата поретко и користете благи шампони кои немаат многу хемикалии
- Често виткајте ја косата или направете трајна – на витканата коса многу помалку се познаваат масните корени.
- Избегнувајте да користите регенератор или ако баш морате, ставете го на врвовите на косата.
- Одбирајте соодветни фризури, на пример степенасто или слоевито шишање.
- Избегнувајте ги шишките, затоа што обично тие први се мрсат.
- Бебешката пудра исто така е од голема помош. Наместо суви шампони, ставете малку пудра и протресете ја косата.
- Јадете помалку мрсна храна и внесувајте повеќе овошје и зеленчук.
- Избегнувајте ги детските шампони, кои иако се благи, сепак го поттикнуваат мастењето на косата.
- Не ја сушете косата на многу висока температура.