Направете сами: Лосион за расчешлување на косата
Расчешлувањето на долгата коса знае да биде многу болно, особено после миењето, но не и ако си го направите овој природен лосион.
Освен што лесно ќе ви ја расчешла косата, овој лосион ќе и даде сјај, а можете да го употребувате и на мокра и на сува коса.
Потребни состојки:
- 1 супена лажичка семки од лен
- 3,5 dl вода (најдобро е дестилирана)
- ½ кафена лажичка јојоба масло
- 3 супени лажици јаболков оцет
- 10 до 30 капки есенцијални масла по избор
Начин на подготовка:
Ленот и водата ставете ја во мало тенџерче и загрејте ја додека да зоврие. Потоа, намалете ја температурата и оставете ја да врие уште 15 минути. Тргнете го тенџерчето од шпорет, исцедете го и оставете го да се олади. Во исцедената течност измешајте го маслото, а потоа и јаболковиот оцет во кој сте ставиле од есенцијалните масла. Течноста ставете ја во шише со распрскувач во ладилникот, а доколку е премногу густа разредете ја со дестилирана вода.