Како да се ослободите од масната и тенка коса, сувите и испукани врвови?

Кога е во прашање косата вообичаените проблеми на кои наидува речиси секоја девојка се мрсна и тенка коса или суви и испукани краеви. Постојат неколку корисни совети со кои можете да се ослободите од овие проблеми.

kako-da-se-oslobodite-od-masnata-i-tenka-kosa-suvite-i-ispukani-kraevi-01.jpg

Повеќето од нас се соочуваат со помалку или повеќе масна коса која со текот на времето го губи волуменот и нејзиното почесто миење станува неминовно.

Постојат бројни фактори кои можат да доведат до мрсење на косата - од хормони па се до зголемен стрес.

Честото миење доведува до сушење на косата и при фенирањето таа дополнително расцветува на краевите.

Тука веќе влегуваме во магичниот круг на сушење, па брзо мрсење на косата и никако да добиеме убава, здрава и густа коса.

За ублажување на „симптомите“ на оштетена коса потребно е да внимавате на изборот на шампон и начинот на миење на косата.


1. Внимателно одбирајте шампон кој одговара за вашиот тип коса

Изборот секако подразбира да се одлучите за шампон кој доколку имате мрсна коса нема да содржи во себе никакви масла или силикони. Внимавајте и на ознаките на самиот шампон. Доколку пишува на него дека е за сува коса не помислувајте да го купите и да го користите.

Пожелно е да одберете шампон кој е назначен како шампон за масна коса или некој бебешки шампон затоа што и овој тип на шампон во себе не содржи масла.

kako-da-se-oslobodite-od-masnata-i-tenka-kosa-suvite-i-ispukani-kraevi-1.jpg


2. Миење на косата

Додека ја миете косата морате да заборавите на врелата вода затоа што, не само што го оштетува влакното тргнувајќи од коренот туку и предизвикува лачење на материјата себум.

Втора работа на која треба да внимавате е користењето на регенератори и маски за коса. Никогаш не ги нанесувајте на корените. Употребувајте ги исклучиво за врвовите на косата за да спречите расцветување на истите.

kako-da-se-oslobodite-od-masnata-i-tenka-kosa-suvite-i-ispukani-kraevi-2.jpg

Доколку немате проблеми со сува и расцветана коса на краевите пожелно е одвреме навреме регенераторите да ги избегнувате. Доколку имате испукани врвови треба да посветите посебно внимание на негувањето.

Наједноставно е да се одлучите за шишање. Доколку не сакате да ја кратите косата тогаш неопходно е редовно да користите силиконски капки и други производи кои ќе ја ублажат појавата на испукани врвови.


3. Неколку додатни совети

Важно е што е можно помалку да ја допирате косата во текот на денот и доколку имате навика постојано да ви биде во рацете, пожелно е да се ослободите од оваа навика.

Користете четка со природни влакна. Овој тип на четка е малку поскап, но многу полесно ја расчешлува тенката и кршлива коса. Без разлика на тоа каков тип на четка користите потребно е почесто да ја миете онака како што ги миете и останатите предмети кои се во допир со коренот на косата.

Наместо постојано да ја миете косата, пробајте да употребувате суви шампони кои ќе направат вашата коса да изгледа како свежо миена.

Со текот на времето ќе го намалите процесот на лачење на себумот. Потребно е само да имате трпение.

Би можело да ве интересира:

9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg