5 Фризерски совети за брз раст на косата

Пробавте сѐ и никако не можете да ја израснете косата? Тогаш, овие совети со сигурност ќе ви помогнат.

5-frizerski-soveti-za-brz-rast-1

Освен што косата брзо ќе ви расте, таа ќе остане здрава и негувана. Почнете од денес да ги практикувате овие 5 фризерски тајни:

1. Користете хидратантна маска еднаш неделно

Фарбањето, регенераторите и честата употреба на лак или пена за стилизирање ја сушат косата и го забавуваат нејзиниот раст. Затоа, одберете производи кои содржат хидратни состојки, со цел косата да остане здрава и да ја обнови својата внатрешна структура. Оваа маска користете ја еднаш неделно и држете ја од 3 до 5 минути.


2. Нежно четкање на косата

Познатите фризери препорачуваат да се користат дрвени четки со запци од природни влакна, а четкањето да се одвива од краевите на косата па потоа од коренот надолу. На тој начин ќе го намалите пукањето и кршењето на косата. 


3. Обрнете внимание на краевите на косата

За вашата коса да биде долга или барем да создадете илузија на долга коса, нејзините краеви мора да бидат здрави и сјајни. Затоа еднаш на два месеци кратете ја косата барем по 1 сантиметар.


4. Нега на косата однатре

Кога е во прашање здравата коса, протеините се вистинскиот одговор. Редовното консумирање на јајца, моркови, разни салати, апетисани како ореви, лешници или бадеми ќе направат вашата коса брзо да порасне.


5. Заштита од оштетување

Избегнувајте косата да ја врзувате премногу силно или често да употребувате алатки како преса или фигаро. Исто така, во текот на топлите денови заштитете ја косата со шешир, со цел да го зачувате нејзиниот природен заштитен слој. 

Би можело да ве интересира:

9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg