Брзи трикови за супер изглед на косата
На сите ни се случило да имаме денови кога косата е „непослушна”, особено ако надвор е врнежливо, но овие брзи трикови ќе ви помогнат во секое време.
Дајте и на косата супер изглед, сјајност и волумен додека да трепнете:
1. Додајте волумен
Зафрлете ја главата нанапред, малку разбушавете ја косата со помош на рацете, а потоа нанесете лак околу коренот. Потоа косата средете ја на вообичаен начин.
2. Оживејте ги врвовите на косата
За права коса:
Раздвојте ја косата во три или четири дела на врвот од главата кон страните. На секој од деловите нанесете лак или спреј за волумен. Потоа деловите навиткајте ги со големи витлери, па малку исушете ја косата.
За виткана коса:
Разделете ја косата во четири или пет делови, а секој дел намотајте го на округла четка и сушете го со фен. На крај нанесете малку помада на врвовите.
3. Мрсна коса
Доколку имате коса која брзо се масти (за 1 или 2 дена) , тогаш нанесете малку бебешка пудра и исчеткајте ја.
4. Скротете ги локните
Испрскајте ја косата со вода или навлажнете ја со мокар пешкир. Потоа, нанесете на косата спреј за локни и оставете ја природно да се исуши.
5. Додајте сјај на косата
Земете малку помада и ставете на рацете, потоа лесно втријте ја во косата и веднаш ќе забележите како таа добива сјај. Најдобро изгледа на кратка коса.
6. Скротете ги шишките
Нанесете гел или пена за стилизирање на шишките, а потоа со четка истегнете ги надвор. Потоа исфенирајте ги шишките во насока во која вообичаено ги носите.
7. Ставете крај на заплетканата коса
Нанесете регенератор во спреј на заплетканата коса, а потоа внимателно исчеткајте ја почнувајќи од краевите. За вистински заплеткана коса нанесете силиконски производ пред расчешлување.