Модните дизајнери предлагаат: Make up трендови за пролет 2015
Од вивидни црвени усни до ударни потези на боја. Изгледот и стилот на шминкање од пиедесталот на модните ревии се спушти и на улиците.
Ова се 4 главни модни make up трендови за оваа пролет.
1. Јасни линии
Црното моливче и туш за очи оваа пролет се повторно „ин“. Варирајте во потезите и линиите, но секогаш погрижете се да бидат јасно изразени. Класичен и природен изглед можете да постигнете со само едноставно дефинирање на горниот дел на очите.
2. Огнени усни
Црвените усни се лесен и брз начин како да го „напумпате“ вашиот изглед. Без разлика дали ќе се одлучите за силно црвени или пак потемни нијанси како вино или боровинки оваа пролет, нема да погрешите. Истакнете ги вашите усни.
3. Светли бои
Поп арт make up стилот е повторно тука. Експериментирајте со различни типови на бои. Во секој случај пробајте и азурно плави нијанси. Секој поглед ќе ве потсетува на бескрајните морски синила.
4. Виолетови очи
Светлите очи во боја на лаванда ќе дадат одраз на нежност и сензибилност. Во случај да сакате да пробате подраматични верзии на овој изглед, преминете на потемни нијанси. Боите на орхидеја, седефастите нијанси и кралско виолетовата боја се одлична идеја.