Kорисни совети за шминкање од искусни стилисти
Ако некогаш сте имале можност да погледнете како професионалните шминкери работат, тогаш со сигурност ќе знаете дека поимот артист во нивниот назив Американците не го употребуваат непотребно. Како и секој друг уметник и шминкерите имаат свое платно – лицето.
Нивната уметност не е исклучиво резултат на нивните таленти. Во ракавот имаат и неколку трикови кои и вие можете да ги употребите за да добиете совршен природен изглед.
Пред да ги преминете вашите трепки со четката од самата маскара, на коренот аплицирајте дел од маскарата со мала четкичка за сенка. Ова особено ќе ги истакне вашите очи ако имате природно светол тен или руса коса.
Доколку не се чувствувате целосно сигурни во оваа идеја, истото можете да го постигнете и со црна сенка. Пред да ја аплицирате маскарата со четкичка преминете ја внатрешноста на трепките и ќе го постигнете истиот изглед на полни трепки.
Со брз потег поминете ги вашите очни капаци со бронзерот за едвај забележителни разлики. Вашите очни капаци и образите одеднаш ќе се истакнат и ќе добијат речиси природен изглед.
За време на ладните зимски денови кожата знае да се исуши, а можеби и природно имате сува кожа. Аплицирањето на пудрата знае уште повеќе да ја истакне сувоста на кожата. За да го избегнете овој изглед, по примената на пудрата со сунѓер аплицирајте и малку масло за тело. Со тоа ќе добиете мазен изглед на вашата кожа.
Користете две различни бои пудра за да му дадете природен изглед и контури на вашето лице. Посветлата искористете ја на вашите очи, централниот дел на челото и брадата. Темната аплицирајте ја на границите на вашето лице и образите.
Откако ќе ја аплицирате сенката на вашите очи, додајте малку природна мешавина на масла кои ќе ви дадат свеж и младолик изглед.