10-те тајни за убавина на Адријана Лима
Таа важи за една од најубавите жени во светот. Има природна бразилска убавина и се чини дека не ѝ е потребна ниту грам шминка. Но, таа има свои тајни за да ја одржува и истакнува убавината.
Ова се 10-те тајни на Адријана Лима:
1. Неколку слоеви маскара за подолги трепки
„Мојата тајна е во тоа што постојано ставам маскара. Слој преку слој, неколку пати на ден, особено во летниот период. Мислам дека навистина добро изгледа. Понекогаш и намерно ја нанесувам неуредно за трепките да бидат повпечатливи. Нанесувам и на горните и надолните трепки за да го изедначам и подобрам изглед“.
2. Помешајте руменило или бронзер со крема за лице, доколку сакате природен изглед
„Ова е еден од моите фаворити. Кога не сакам да се шминкам многу, го мешам руменилото со дневната крема или со онаа за сончање и го нанесувам на лицето. На тој начин може да му дадете прекрасен сјај дури и ако немате шминка“.
3. Кармин на два начина
„Понекогаш земам розов и црвен кармин или сјај за усни и благо ги натапкувам усните. Истиот производ го ставам и на образите, за целосно природен изглед“.
4. Меко моливче за очи
„Многу жени имаат проблеми со користењето на моливчето за очи. Она што го открив е дека моливчето е многу подобро ако е меко, а не суво и цврсто. Обрнете внимание какви моливчиња купувате, бидејќи меките даваат попрецизна линија“.
5. Капини, боровинки, зеленчук на пареа
„Кога обрнувам малку повеќе внимание на мојата исхрана јадам главно зеленчук. Ако морате нешто да грицкате мој совет е тоа да бидат капинки или боровинки. Може да ги јадете цел ден, а тие ви помагаат во согорувањето масти“.
6. Интензивен тренинг за подобри резултати
„Сакам интензивен тренинг. Сакам да се препотам. Сакам скокање со јаже. Ова е всушност многу добро нешто, кое не зазема простор. Ставете го во торба и може да го користите каде ќе посакате. Мојата рутина е обично 10 минути скокање со јаже и 35 минути трчање. Понекогаш се случува да скокам и цел час. Со него се согоруваат и до 1.000 калории“.
7. Лененото масло е тајното оружје
„Доколку сакате косата да ви расте побрзо, мора да користите ленено масло. Резултатот е фантастичен. Косата ќе ви биде сјајна, бујна и многу побрзо ќе ви расте.“
8. Не ја мијте косата многу често
„Доколку имате сува коса не ја мијте секој ден. Доволно е еднаш неделно. Маслото ќе ви помогне косата да ви изгледа подобро. Исто така, сè зависи и од вашата активност и колку се потите, па според тоа треба да ја направите рутината. Совет плус: Наместо често да ја миете косата обидете се да користите суви шампони.
9. Бразилско исправување на косата
„Една од работите кои би ги предложила ако имате виткана или сува коса е бразилското исправување без кое не можам. Овој третман е супер и го користам на секои два месеци за да имам волумен и тежина на косата“.
10. За здрава кожа и коса јадете здраво
„Доколку сакате добра кожа, важно е што јадете. Сè што внесувате во себе ќе се покаже на вас, порано или подоцна. Се одразува на косата, кожата и ноктите. Многу е важно како се храните“.