Супер трикови за успешно нанесување на карминот

Да бидеме искрени, карминот е првото нешто на кои ќе ни текнува кога некој ќе ни го спомне зборот „шминка“. Вистински предизвик за секоја жена е да излезе од парфимерија без да купи нов кармин.

super-trikovi-za-uspesno-nanesuvanje-na-karminot-001.jpg

Знаеме дека во несесерот имате куп кармини, но дали ги знаете овие генијални трикови за негово нанесување?

1. Ако имате суви усни, направете им пилинг со стара четка за маскара пред да го нанесете карминот. Само внимавајте прво да нанесете лабело или балсам на целата усна, за полесно да лизга четичката.

super-trikovi-za-uspesno-nanesuvanje-na-karminot-02.jpg


2. 
За да не ви се размачка карминот по забите, ставете го показалецот во уста, стиснете ги усните околу него и брзо повлечете го надвор. Ако сте нанеле премногу кармин, вишокот ќе остане на прстот наместо да се пренесе на забите.

super-trikovi-za-uspesno-nanesuvanje-na-karminot-03.jpg


3.
 Искористете го омилениот розов кармин како руменило. Едноставно размачкајте го со прстите исто како што би постапиле и со кремасто руменило.

super-trikovi-za-uspesno-nanesuvanje-na-karminot-04.jpg


4.
Направете кармин од сенка за очи. Ако ви се скрши сенка чија боја би ја носеле како кармин, во лажица измешајте дел од правот со балзам и нанесете ја со прст врз усните.

super-trikovi-za-uspesno-nanesuvanje-na-karminot-05.jpg


5.
 Користете четка за коректор за попрецизно нанесување на карминот.

super-trikovi-za-uspesno-nanesuvanje-na-karminot-06.jpg


6. 
Или пак, користете мека четка за нанесување на сенка ако сакате карминот да делува разлеано.

super-trikovi-za-uspesno-nanesuvanje-na-karminot-07.jpg


7.
Со помош на транспарентна пудра претворете го обичниот кармин во долготраен. Нанесете го карминот, вишокот соберете го со хартиено марамче и потоа истресете транспарентна пудра врз усната. На овој начин мал дел од пудрата ќе се задржи врз карминот и ќе ја фиксира бојата.

super-trikovi-za-uspesno-nanesuvanje-na-karminot-08.jpeg


8.
 Ако вашите усни имаат изразено розов или црвен пигмент, истапкајте коректор врз нив пред да нанесете кармин. Природните црвените или розови нијанси на устата може визуелно да ја изменат бојата на карминот па на овој начин ќе се осигурате дека карминот врз вашите усни ќе ја има посакуваната боја.

super-trikovi-za-uspesno-nanesuvanje-na-karminot-09.jpg


9. 
Можете да им ја промените формата на усните со тоа што прво ќе ги покриете со коректор а потоа со моливче за усни ќе го исцртате работ надвор од природниот раб на устата. На овој начин ќе направите вашата усна да делува поголема. Продолжете да ја боите усната со моливче ако сакате да постигнете мат изглед или завршете ја постапката со сјај за усни.

super-trikovi-za-uspesno-nanesuvanje-na-karminot-10.jpg


10. 
За подолго да ви трае карминот, откако еднаш ќе го нанесете, соберете го вишокот со хартиено марамче. На овој начин, откако втор пат ќе го нанесете карминот, тој подобро ќе се фиксира за усната и следствено, потешко ќе се размачкува.

super-trikovi-za-uspesno-nanesuvanje-na-karminot-11.jpg

Уште 11 на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Каков маникир да изберете оваа есен за да бидете во тренд – Од чоколадни, до речиси проѕирни нокти (... Металик нокти со врв од мат лак, нокти во боја на топло чоколадо, но и речиси пр...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg