Направете сами: Пудра од природни состојки за беспрекорен изглед на лицето
Наместо да трошите пари и време во потрага по идеалната пудра, сега со помош на овие природни состојки можете самите да си ја направите дома...
Оваа пудра особено ќе им биде од корист на жените кои имаат чувствителна кожа, бидејќи таа не содржи хемија која неповолно влијае врз здравјето на кожата.
Потребни состојки:
- Пченкарно брашно
- Густин
- Какао во прав
- Цимет
- Ванила
Начин на подготовка:
1. Во стаклен сад ставете 2 кафени лажички од брашното и густинот, а останатите состојки додавајте ги според бојата на вашата кожа. Тоа значи, доколку имате потемен тен додајте какао во прав и малку цимет, а за посветол тен додајте ванила. Доколку вашата кожа е жолтеникава, тогаш за вас идеален би бил ѓумбирот кој ќе ја неутрализира бојата.
2. Во текот на мешањето пробајте ја пудрата и така проучувајте која нијанса би ви одговарала. Добиениот прав нанесете го на раката и на дневна светлина погледнете дали добро одговара со бојата на вашата кожа.
3. Во правот можете да додадете етерични масла, лосион или млеко за тело, како и хидрадантна крема за лице.