Одберете ја вистинската боја за коса според обликот на вашето лице
Ако чувствувате дека е време да направите нешто ново со вашиот стил, тогаш почнете од бојата на косата.
Природната боја веќе одамна не е во мода, освен ако немате некоја навистина специфична нијанса.
Доколку се двоумите и не знаете каква боја да одберете за вашата коса, тогаш овие совети ќе ви помогнат да не направите грешка:
Лице во облик на срце
На срцевидниот облик на лице најмногу одговара русата коса, а освен таа со овој облик на лице одлично одговараат и светло кафените нијанси, светло црвените и медовите нијанси. Доколку сакате нешто поспецифично одлучете се за портокалова нијанса.
Лице во облик на круг
За овој облик на лице најмногу одговараат фризури со шишки, па затоа е најдобро да имате светли прамени по целата коса, но и на шишките.
Четвртаст облик на лице
Четвртастото лице обично изгледа широко, па затоа стилистите често препорачуваат темни нијанси на кафена боја, црвена и црна боја на коса. Во случај да сакате прамени, тогаш најдобро би било истите да ги имате во потемна боја и тоа во пределот околу челото и рабовите на лицето.
Овален облик
Доколку лицето ви е во овален облик, тогаш избегнувајте прамени, бидејќи тие додатно ќе го издолжат вашето лице. За ваков облик најдобро е да користите средни нијанси на руса боја, црвени, костенливи или светло кафени.