4 начини како секогаш да имате убави очи без подочници
Хидратантните и хранливи креми се задолжителни за секоја жена и девојка, но ако некогаш сакате набрзина да се решите од подочниците, а немате многу време и пари за негување, испробајте барем еден од овие природни трикови.
1. Грашок
Не звучи гламурозно, но вреќичката смрзнат грашок може да ви ги намали потечените подочници. Само не заборавајте да ја измиете кесата или да ја завиткате во тенка крпа пред да ја ставите на пределот на очите.
2. Компир
Насечкајте неколку парчиња компир и ставете ги на очите околу 15 минути. Ако има потреба, променете ги со нови и држете ги уште 15 минути.
3. Чај
Искористените кесички чај наместо да ги фрлате, ставете ги во фрижидер. Кога ќе се разбудите со потечени очи, само ставете 2 оладени кесички на очите и гледајте како темните кругови и отокот спласнуваат.
4. Белка од јајце
Свежите белки ја затегнуваат кожата, па затоа најдобро е да ги нанесете на пределот околу очите и оставете ги 15-20 минути додека не се исушат. Само внимавајте белката да не дојде во контакт со окото.