Моника Белучи: За убавината е најважно како се чувствувате

Кон крајот на минатата година, Моника Белучи стана најстарата Бонд девојка. Убавата Италијанка сега проговори за својата улога, заради која веќе со месеци го привлекува медиумското внимание...monika-beluci-za-ubavinata-najvazno-e-kako-se-cuvstvuvate-1

Како што таа вели, улогата не ја добила заради својата импресивна биографија, ниту пак заради неверојатниот изглед, туку истата ја добила поради своите години:

„Мојата прва мисла кога дознав дека добив улога во филмот беше: „Па како можам јас да бидам Бонд девојка, кога имам 50 години?” Меѓутоа подоцна дознав за што станува збор. Продуцентот на филмот, Сем Мендес ми кажа дека за првпат сака во филмот да види жена, која е на иста возраст како и актерот кој го игра Бонд.”

Кога станува збор за љубовта и врските, славната актерка открива со какви љубовни проблеми се среќаваат зрелите жени:

„Многу 50-годишни жени се невидливи за мажите, но не мора да значи дека тоа треба да биде така. Секогаш треба да го земете предвид фактот дека начинот на кој зрачите однадвор е само проекција на тоа што го носите во себе.

Кога заминувам во Бразил, на улиците гледам жени, кои не се ни малку слабички, но танцуваат сензуално и женствено, заради што и изгледаат прекрасно.

 Во Европа пак, жените се затворени и се плашат да се прикажат на тој начин. Сензуалноста и чувството на слобода на Бразилките не доаѓа од совршенството на нивните тела, туку од нивната внатрешност. Не е важно како изгледате, туку како се чувствувате.”

Какви се вашите мислења? Сметате ли дека убавината на жените произлегува од нивната внатрешност?

Би можело да ве интересира:

7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
18 жени кои целосно се трансформираа откако ја сменија фризурата (фото) Дали сте од оние жени кои често ја менуваат фризурата и бојата на косата, или по...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg