Проверено: Сок од кој косата расте двапати побрзо
Долгата и здрава коса е главна одлика на женственоста. Рамната и сјајна коса им се допаѓа и на момците, а нема која девојка не посакала да ја има.
Некои жени не обрнуваат многу внимание на должината на косата, додека други, сè би дале за да имаат долга, густа и здрава коса.
Ако сакате косата побрзо да ви расте може да го пробате методот со кромид, кој е многу популарен и во Холивуд.
Дерматолозите кажуваат дека нема никакви последици за кожата на главата или влакната.
Кромидот е богат со сулфур кој го поттикнува растењето на колагенот и важен е за растот на коса.
Рецептот е многу едноставен, а резултатите ќе ги забележите уште по првиот месец.
Изрендајте два до четири главици кромид и исцедете го неговиот сок. Масирајте ја главата со сокот и оставете го да делува 15 минути.
Ако имате време може да го оставите сокот на глава најмногу до 1 час. Така резултатот ќе биде уште подобар.
Потоа измијте ја косата и ставете регенератор. Овој третман правете го двапати месечно и ќе се изненадите од резултатите.
Не се грижете, косата нема да ви мириса на кромид, откако ќе ја исплакнете со шампон.