16 професионални правила за убавина
Овие не се само обични правила за убавина, туку професионални кои доаѓаат од шминкерите на модните писти низ светот и кои вреди да ги почитувате.
Не се однесуваат само на шминката, туку исто така и на фризурата, маникиотр, негата на тело...
1. Никогаш не користете евтин лак за нокти, бидејќи истиот се уништува само за неколку часа, вложете повеќе средства во квалитетен лак кој ќе трае.
2. После шминкањето секогаш прснете тенок слој лак за коса на лицето за шминката да трае подолго доколку немате фиксатор при рака.
3. Секогаш пред да нанесете лак на ноктите, прво истурпирајте ја нивната рапава површина, дајте им убава коцкаста или овална форма, премачкајте ги со безбоен лак, а потоа со оној во претходно одбраната нијасна за да го добиете посакуваниот ефект.
4. Два пати во неделата користете крем за пети, иако се најнезабележителниот дел од телото, верувајте мажите ги забележуваат вашите пети и во високи потпетици.
5. Секогаш кога ги кубете веѓите оддалечете се од огледалото барем 10 сантиметри, во спротивно може да искубете повеќе од доволно, бидејќи кога не ги гледаме веѓите во целост можеме да ја уништиме нивната веќе дадена форма.
6. Никогаш не ги запоставувајте ноктите на нозете, секогаш средувајте ги заедно со ноктите на рацете, верувајте дека ќе се чувствувате убаво и средено.
7. Користете барем еднаш неделно маска за коса, регенератор при секое нејзино миење и никогаш не ја чешлајте без претходно да ја исушите добро со фен на ладен воздух.
8. Кога ќе забележите испукани врвови, посетете го фризерот, не мора да ја скратувате косата многу, само доволно за да се освежи, сигурно ќе се чувствувате полесно.
9. Барем еднаш во неделата направете необична фризура со вашата коса, таа може многу да ви помогне да ја зајакнете самодовербата.
10. Цртањето на мачкините очи не е невозможна мисија, потребно е секојдневно вежбање за да успеете да ја повлечете тенката линија совршено, за почеток започнете да вежбате со креон, а потоа со туш за очи.
11. Прекршете го правилото кое оди против нападни очи и нападен кармин истовремено, денес тоа е во тренд.
12. Не ги запоставувајте вратот и деколтето кога нанесувате крем на лицето наутро или навечер, нив исто така им е потребна нега.
13. Маскара нанесувајте секогаш два пати, на почетокот и на крајот од шминкањето.
14. Експериментирајте со кармини во спротивна нијанса, секогаш може да добиете нешто екстра привлечно, како на пример ставете прво темнокафен кармин, а потоа во средината на усните бледо розев кој ќе ви ги даде познатите секси усни.
15. Никогаш не дозволувајте усните, рацете или петите да ви се испукани, негувајте ги постојано.
16. Секогаш користете парфем, бидејќи како што рекла Коко Шанел, жена без парфем е жена без иднина!