Трик кој секогаш успева: Како да го поправите лакот за нокти пред излегување?
Нема ништо полошо од тоа кога нема добро да ви се исуши лакот, а вие се брзате и баш во тој момент ќе го изгребете или замачкате ноктот. Веќе нема потреба да се нервирате, туку доволно е да го направите овој трик.
Намачкајте тенок слој лак до делот каде што сте го уништиле
Никако не преку целиот нокт. Така би требало да го прекриете делот кој сте го закачиле, но и да бидете сигурни дека бојата на тој нокт нема да се разликува од останатите.
Исечете го
Ако ви се уништил дел од лакот кој е на работ на ноктот може да го исечете тој дел. Но, само ако е минимално допрен на работ, за да не се забележува дека едниот нокт ви е пократок од останатите.
Замаскирајте го
Во парфимериите и козметичките продавници може да се купат интересни самолепливи украси за нокти. На делот каде ви е уништен лакот залепете декоративна налепница и нема ништо да се забележува.