5 брзи трикови со кои репчето ќе ви изгледа погусто
Секоја девојка која има тенка коса знае колкав проблем претставува репчето кое треба да издржи барем неколку часа, а да не изгледа како едвај да се држи.
Тенката коса брзо го губи волуменот, па ако и вие мачите мака со тенкото влакно, пробајте ги овие 5 лесни трикови.
1. Брановидна коса
Брановидната коса секогаш изгледа погусто од рамната и пеглана. Затоа ако имате тенка коса, а сакате да носите репче, најдобро е прво да ја навиткате, па да ја врзете.
2. Дупло ластиче
За да го спречите паѓањето на репчето, врзете ја косата со две ластичиња. Едното врзете го нормално, а со другото продолжете го ефектот. Второто ластиче ќе го подигне репот и ќе направи да изгледа многу погусто.
3. Тапирање
Тапирањето е трик со кој секако може да се послужите, но најдобро е даги тапирате прамените кои не се гледаат. Површинскиот слој оставете го мазен, а долниот дел разбушавете го.
4. Со помош на штипка
Врзете ја косата, а потоа поделете ја на два дела. штипката со средна големина ставете ја на средината, а потоа префрлете го горниот дел преку неа. Благо истапирајте, испрскајте со лак и наместете ги прамените внимателно за да ја сокриете штипката.
5. Дупло репче
Освен што косата ќе ви изгледа погусто, дуплото репче ќе ја направи и подолга. Испробајте, нема да зажалите!