Како до совршен изглед за неколку минути?

Ако овие денови се чувствувате како да сте „растргнати” на сите страни и секаде се обидувате да изгледате уредно, но не стигнувате, тогаш треба да ги прочитате овие совети...

kako-do-sovrsen-izgled-za-nekolku-min-6

Советите ќе ви помогнат за само неколку минути да блеснете во полн сјај и да изгледате како да сте потрошиле неколку часа на изгледот.

Совршенство во неколку минути:

1. Шминкање на очите и усните

kako-do-sovrsen-izgled-za-nekolku-min-1--

Очи: Ако само што сте завршиле со работа, а веќе се подготвувате да отидете на пијалак со колегите, сигурно е потребно да направите корекција на шминката. Наместо да нанесувате дополнителен слој на маскара, направете го следново: извадете ја четката од маскарата, избришете ја со влажна марамица и потоа пројдете низ трепките. На овој начин тие ќе се подигнат и ќе изгледаат поубаво и повеќе полно.

Усни: За почеток потребно е да пронајдете нијанса на кармин која ќе ви одговара. Ако имате светла или средно темна кожа за вас идеална е темно црвената боја. Ако имате потемна боја на кожа за вас идеална е црвената боја со розова или виолетова поднијанса.

Совет плус: Со хартиена марамица поминете со тапкање по Т-зоната на вашето лице за да ја отстраните вишокот на маснотија од лицето.

2. Оживејте го класичниот стил

kako-do-sovrsen-izgled-za-nekolku-min-4

Усни: Нанесете кармин во бојата на виното.

Нокти: Ако вашиот лак се излупил нема потреба за грижа, само поминете го со сребрен или златен лак како да правите француски маникир. Лакот брзо ќе се исуши, а вашите нокти ќе изгледаат како да сте правеле комплетен маникир.

Секси тело: Пред да го облечете омилениот фустан, на телото нанесете лосион со светки, кој ќе му даде посебен затегнат изглед.

Коса: Направете ниска пунџа, но не ја затегнувајте премногу, туку нека биде неуредна.

3. Покажете го внатрешниот сјај

kako-do-sovrsen-izgled-za-nekolku-min-5

Очи: На капаците нанесете сенка во боја на праска, а на подочниците коректор. Тоа е најдобар начин вашите очи да сјаат со природен сјај.

Усни: Изберете боја на кармин која е 2 нијанси потемна од природната боја на вашите усни. За дамите со светол тен тоа би била розовата боја, а за оние со потемен тен одлична е бојата на праска.

Коса: Исчешлајте ја косата и оставете ја каква што е: природна и бушава. 

Би можело да ве интересира:

Бојата на коса „розово злато“ ќе им биде опсесија на девојките оваа есен 2024 (фото) Ако сте подготвени за експериментирање, овој тренд ќе го дочекате со ширум отвор...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg