Зошто природниот маникир е подобар од вештачкиот?
Неминовно е дека вештачкиот маникир изгледа убаво кога во раката држите чаша вино, но зошто да не направите свој природен маникир кој ќе делува позаштитувачки на вашите нокти, а воедно и ќе ве чини поевтино?
Освен тоа природниот маникир е подобар од вештачкиот поради овие причини кои секоја девојка треба да ги знае пред да се одлучи да отиде на козметичар.
Вештачкиот маникир собира бактерии
Не само што ќе започнат да растат после една недела, вештачките нокти, посебно пластичните, собираат најмногу бактерии над вашите нокти и под нив. Но, доколку направите сопствен маникир на природните нокти бактериите лесно се отстрануваат со миење на рацете бидејќи не постои пластика што ќе ги задржува.
Природниот маникр не ги оштетува ноктите
Освен бактерии вештачкиот маникир ќе ги оштети вашите нокти со лепилото што ги држи за природните како и со стружењето на површината на ноктот кое до одреден степен е корисно, но во случај како што е правење на вештачки маникир е многу изразено и ги омекнува ноктите.
Со правење на сопствен маникир ќе ја задржите цврстината на ноктите и нивната природна боја.
Игра на бои
Кога ќе направите вештачки маникир избирате само еден дезен или боја која мора да ја носите минимум еден месец, што е многу досадна варијанта, но доколку се одлучите за природен маникир ќе може да си играте со боите во секое време.
Да не споменуваме дека ќе заштедите пари на козметичар со кои може да си купите минимум пет лакови во различна боја.
Девојки, дали вие би се одлучиле за вештачки или природен маникир?