Што ќе ви се случи ако не користите шампон 6 месеци?
Сте се запрашале ли некогаш што ќе ви се случи ако пола година не употребувате шампон? Додека постојано ја миете косата со шампон, таа се мрси секој втор ден и ви предизвикува чешање или постепено опаѓање.
Наместо тоа, обидете 6 месеци да го замените со домашна мешавина од јаболков оцет и сода бикарбона.
За долга коса ставете 2 лажички сода бикарбона во пола литар топла вода и убаво истријте ја косата со таа мешавина. Потоа, во друг сад повторно додајте вода, но овојпат со 2 лажички јаболков оцет. Откако ќе ја потурите косата, веднаш исплакнете ја. За да го отстраните мирисот на оцет малку нанесете кокосово масло.
За кратка коса преполовете ги состојките во рецептот.
По шетсмесечна употреба на овој рецепт косата ќе ви биде здрава, негувана и сјајна, а нема да ви се мрси дури 5 дена по миењето.