Женски тајни: Како да ја имате убавата кожа на Французинките или бујната коса на Индијките?
Секоја девојка на свој начин си ја одржува убавината, но секоја сака да украде по некој трик, да открие некоја тајна која може да ја примени.
Во различни земји од светот се применуваат различни тајни за одржување на убавината на жената.
Индија
Индијките се познати по прекрасната коса. Тајната на бујната и сјајна коса се крие во кокосовото масло. Тие го загреваат маслото, го нанесуваат на темето пред спиење и го оставаат да делува во текот на ноќта. Наутро ја мијат косата за да ги отстранат остатоците од масло. Постапката ја повторуваат еднаш неделно, а резултатот е хидрирана и сјајна коса.
Франција
Французинките се познати по беспрекорниот тен. Нивниот омилен препарат за убавина им е маска од калинка и вишна. Вишните и зрната од калинката се мелат во блендер, па мешавината се нанесува на кожата. Маската е потребно да ја оставите да делува 5 до 6 минути, па да ја измиете со млака вода. Може да се применува еднаш неделно.
Италија
Италијанките ја одржуваат косата блескава со помош на јогурт. Јогуртот го мешаат со малку маслиново масло кое го нанесуваат на косата. Маската ја оставаат да делува 5 минути, па ја плакнат косата. Резултатот е здрава и сјајна коса.
Шпанија
Шпанките ја одржуваат косата сјајна со помош на сок од брусница. Измешајте пола чаша сок од брусница со пола чаша вода и со течноста измијте ја косата. Оваа мешавина е погодна само за бринети. Русокосите може да ја измијат косата со лимонов сок и вода.
Велика Британија
Британките често користат овесни снегулки. Измешајте две лажици овесни снегулки со 4 лажици павлака. Оставете неколку минути за да набабрат снегулките, па нанесете ја маската на кожата. Резултатот е сјајна и хидрирана кожа.