До рамен стомак после породувањето за само 6 недели
После бременоста стомакот кај секоја жена е поинаков и најчесто новите мајки го сокриваат неугледниот дел под широки џемпери, блузи, туники...
Ако мислите дека е невозможно да си го вратите назад рамниот стомак, тогаш грешите.
Да се ослободите од вишокот килограми на стомакот после бременоста е возможно и тоа преку промена на некои секојдневни навики:
Прва недела: Кардиоваскуларни вежби
За да се ослободите од стомакот, најдобро е неколку пати во неделата да изведувате физички активности како на пример: енергично пешачење, трчање, брзо одење. Кај 39% од мајките после бременоста доаѓа до пукање на еластичните влакна во мускулите и кожата, поради што предниот дел од стомакот станува опуштен.
Но и овој проблем не е нерешлив. Водете грижа за тој дел од телото, внимавајте како седите и вовлекувајте го стомакот.
Втора недела: Здрава храна
Еден од основните проблеми е лошото здравје на цревата. Вашата задача е да ги натерате цревата да работат поефикасно. Тоа значи што повеќе риба, свежо овошје и зеленчук со секој оброк.
Денот нека ви започнува со свежо исцеден сок (лимон, моркови, краставици), на тој начин телото добива сѐ што му е потребно и се намалува апетитот.
Трета недела: Режим на исхрана и физичка активност
Во оваа недела станува збор за заострен режим на вежбањето: секое утро по 45 минути шетање. Благодарение на сокот кој го пиете секое утро, вашиот метаболизам е забрзан, а кожата мека и нежна.
Факт е дека ќе бидете гладни, но за да ги зајакнете стомачните секојдневно правете вежби во вид на карате движења, кои се однесуваат на делот на рацете и стомакот.
Четврта недела: Откажување
Во оваа недела веројатно веќе ќе почнете да се откажувате и да ги кршите зацртаните цели и задачи во секојдневието. Но, не се обесхрабрувајте, бидејќи тоа е нормално. Стиснете заби и продолжете.
Петта недела: Враќање
Ако досега издржавте, тогаш ја добивте борбата над нездравата храна. Сега желбата за слатки и грицки е сведена на минимум.
Типичен појадок: Едно варено јајце, парче 'ржан леб или житарици со јогурт.
Ручек: Малку салата од зелка, марула, домати, краставици заедно со порција лосос или туна.
Доколку повторно огладнете јадете го она кое сте го планирале за вечера, но секако во ограничена количина.
Шеста недела: Изгубивте 3,4 килограми!
Можеби ви звучи малку, но веќе стекнавте здрава навика. Најважно е и понатаму да продолжите со физичката активност и режимот за исхрана, а конкретната промена ќе ја увидите во вашиот 10 cm послаб струк. Одново ќе можете да ги облечете старите фармерки.