Депилација со жилет: 3 трикови за експресно бричење
Иако често неправедно се наоѓа на листата непожелни начини за отстранување на влакната од телото, бричењето со жилет го преферираат голем број жени од неколку причини: брзо е, безболно и евтино.
Но, ако сакате депилацијата со бричот да биде беспрекорна, добро е да се придржувате до неколку правила.
Жилет
Жените кои имале иритација на кожата по бричењето тоа го повруваат со чувствителноста на кожата, но станува збор за лош жилет.
Дерматолозите препорачуваат брич со повеќе жилети. Исто така, многу е важно жилетите да бидат остри и чисти. По депилацијата добро е да ги измиете и да ги оставите да се исушат целосно.
Еден жилет би можеле да го користите 10 до 12 пати. Доколку забележите дека не ги отстранува влакната со истата леснотија како претходно, пожелно е и порано да го замените.
Пена или гел
Жените кои имаат меки и тенки влакна често за депилација користат само сапун и вода. Но, токму тоа може да доведе до иритација на кожата. Задолжително пред депилација на кожата нанесете гел или пена за бричење, бидејќи на тој начин го намалувате триењето и опасноста од исекотини.
Кожа
Повеќето жени депилацијата ја прават за време на туширањето. Ако и вие сте една од нив, пред да почнете со бричење на деловите од телото, почекајте 2-3 минути. Завршете со туширањето, па дури потоа почнете со депилацијата.Топлата вода ќе ја омекне кожата и ќе биде подобро подготвена за бричењето.
По депилацијата кожата намачкајте ја со бебешко масло или со неутрална крема или лосион за тело.