Најчестите лаги за убавината кои ги кажуваат славните личности
Од познатите секогаш можеме да прочитаме некој совет за убавина, но за жал многу од работите кои ги кажуваат не се вистина.
Љубопитни да дознаеме како ја одржуваат витката линија, прекрасно негуваната кожа и чистото сјајно лице ги следиме нивните совети и трикови поврзани со убавината.
Но, без да знаете, ги следите нивните најголеми лаги поврзани со убавината:
1. Изгледам убаво благодарение на новата веган диета која ја држам - Многу славни личности ја кажуваат оваа диета за вие да помислите дека токму таа е она што ви е потребно. Но доколку го погледнете планот на оваа диета, ќе сфатите дека нејзиното држење не е така едноставно. Иако докторите се согласни дека оваа диета е „виновникот” за убавата фигура, сепак кај некои може да се појават дополнителни проблеми.
2. Ова е мојата природна коса - Повеќе не е тајна дека ѕвездите користат додатоци за својата коса, само тие не сакаат да зборуваат за тоа јавно. Освен тоа, пред да се појават на црвениот килим, нивната коса се средува со часови за секое влакно да биде на свое место.
3. Немам шминка - Ова досега сигурно многупати го имате прочитано или чуено од страна на славните личности. Сепак она што не го знаете е дека шминкерите трошат повеќе време кога ги шминкаат славните личности да изгледаат како да „немаат воопшто шминка“, отколку кога ги шминкаат за да изгледаат гламурозно.
4. Потребни ми се 12 часа сон за да изгледам убаво - Не сме сите исти, а тоа значи дека не ни е потребно исто сон. Избегнувајте го овој совет, посебно кога доаѓа од луѓе кои спиејќи заработуваат пари.
5. После породувањето, за брзо време моето тело се врати во нормала - Ако ги погледнете славните личности, тие навистина бргу се враќаат во форма после породувањето. Но, немојте да мислите дека тоа се случило туку така.
Кејт Хадсон признала дека за да го врати своето тело во нормала вежбала по три часа дневно. Тоа значи дека на една просечна жена, доколку е на здрава диета, после породувањето потребно и е да вежба 3 до 4 пати неделно, за по 8 месеци да го врати телото во нормала.