Лимонот ве прави убави!

Дали сте знаеле дека киселото ве прави убави? Токму така, посебно лимонот кој е овошје што служи како ефикасно козметичко средство.

limonot-ve-pravi-ubavi-01

Лимонот на вашата сува кожа ќе и ја даде потребната влажност и ќе ги избели вашите жолти нокти.

Еве како лимонот допридонесува за вашата убавина на неколку начини:

Освежителна купка

Лимонот ќе ве разбуди и ќе ве освежи. Исечете полoвина килограм лимони и ицедете ги. Наполнете ја вашата топла када и наместо миризливата купка која ја користите секогаш, ставете го сокот од цедените лимони. Верувајте, ќе уживате во неговиот свеж мирис кој ќе ви даде енергија.

За добро расположение

Етеричното масло од лимон ќе го стимулира вашиот мозок бидејќи го поттикнува лачењето на серотонин. Свежиот мирис на лимонот наутро ќе ве разбуди, а навечер може да ви помогне полесно да заспиете.

Пилинг за лактите и колената

Овошната киселина ги омекнува грубите делови на кожата, посебно на лактовите и колениците. Пресечете еден лимон на половина и истријте ги местата на кои имате груба кожа, а после исплакнете со млака вода. По само неколку дена ќе почувствувате разлика.

За посјајна коса

Поради бигорот во водата, вашата коса може да го изгуби сјајот. Сокот од 2 исцедени лимони, помешани со литар вода ќе ви го врати сјајот на косата после првото миење.

limonot-ve-pravi-ubavi-02

Избелувач на ноктите

Ставете ги вашите пожолтени нокти во млака вода помешана со сок од еден лимон и оставете ги 15 минути. Киселината на лимонот ќе ги направи сјајни како порано.

Нега на заноктици

Лимонот исто така може да ви помогне да се справите со заноктиците. Тријте ги секој ден со лимон, исплакнете со млака вода и ставете крем за нокти. За неколку дена ќе исчезнат.

Би можело да ве интересира:

Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
„Какви нокти очекував, а какви добив“: Жени споделуваат „хорор“ искуства од салони за маникир Искривени нокти, шкртаници наместо квалитетен дизајн, излупен лак... Жени ги спо...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg